top of page
mevlana-celaleddin-i-rumi-1.jpg

Меблана Џелаледин Руми

Мевлана бил мислител, кој исламскиот морал заснован на Коранот и постапките на Пророкот совршено го протолкувал  и го применувал во секојдневниот живот. Во Месневијата на едноставен јазик се преточени размислувањата за односот помеѓу човекот и Создателот, односот на човекот со човекот, како и оној на човекот со природата.

Величината на Месневијата на Руми, освен во поуките за моралот, лежи и во идејата на суфизмот за „единството со Бога“. Таа е сублимат на суфиското учење дека сите религии се едно и дека се манифестација на истата божествена стварност. Токму ваквите, универзални сфаќања, кои претставуваат врв на една плуралистичка реинкарнација на Исламот, се и причина што денес филозофијата на Руми е многу популарна и на Запад каде што многумина ја доживуват како 

своевиден мост со Исток. 

Изборот во проза што го објавуваме е само еден мал дел од импозантното дело на Мевлана и е конципиран како збирка раскази, поучни приказни, анегдоти и басни преточени на разбирлив народен јазик.

bottom of page