top of page

Со Дуња никогаш не можев да бидам начисто, понекогаш беше променлива како времето во Мелбурн − четири годишни времиња, не во еден ден туку во текот на еден час. Колку и да велеше дека ме мрази, јас знаев дека ме сака и дека немаше така лесно да се откаже од мене. А и кај ќе одеше? Не знам, можеби ќе посакаше јас да си одам и по овдешните закони ќе го извлечев дебелиот крај, но и на неа немаше да ѝ биде лесно. Дуња не беше жена што ќе одеше да се осветува или да се премажи за 

да ја заборави старата тага. Во ова верував како што верував во секој залак на лебот 

што го заработував со мирисот на заморот од сопствената пот. Можеби токму поради ова ја злоупотребував нејзината доверба и нејзината несоборлива љубов кон мене.

Австралиска сага

ден240,00Price
  • Автор

    Семра Самет Алоски

  • Наслов на оргиналот

    Австралиска сага

  • Стр.

    328

  • Димензии

    21x14

  • Јазик

    Македонски

     

  • ИСБН

    978-608-4794-07-3

bottom of page