Авторот на романот Госпоѓица Дурдана, Ахмет Митхат Ефенди е еден од најплодните писатели од периодот на Реформата на османлиското општество. Напишал околу 150 дела од кои најголемиот дел се романи и раскази. Се смета за прв популарен писател во турската книжевност кој има одиграно големо влијание врз воведувањето на романот како литературен вид и во оваа област дал осумдесетина дела.
Романот Госпоѓица Дурдана е еден од неговите најинтересни дела. Приказната за одмаздата на богатата вдовица, г-ѓа Улвие, кон измамникот г. Мергуп, во име на главната хероина, г-ѓца Дурдана, која е слепо заљубена во него, изобилува со низа ситуации кои се испреплетуваат една со друга и до последниот миг го задржуваат вниманието на читателот. И во овој роман писателот се појавува како популарен народен раскажувач, кој не е апстрахиран од јунаците и читателот, туку повремено води директен дијалог со самиот читател, вовлекувајќи го и него во морализирањето околу настаните и јунаците на делото.
Госпоѓица Дурдана
Автор
Ахмет Митхат Ефенди
Наслов на оргиналот
Dürdane Hanım
Стр.
224
Димензии
21x13
Јазик
Македонски
ИСБН
978-608-65521-8-3