top of page

Ахмет Расим бил турски поет, писател, новинар, преведувач и политичар од втората половина на 19 век. Напишал околу 140 дела меѓу кои романи, раскази, мемоаристатии, анегдотибиографии, писма и историски книги.

Делото „Градски писма“ е составено од кратки статии и анегдоти кои писателот Ахмет Расим при крајот на 19 век ги објавувал во весникот „Информатор“ и претставува прв пример на „градска хроника“ во турската литература. Расим во овие текстови го пренесува духот на Истанбул од времето во кое живеел. Со око на вешт новинар и поет, преку чист и едноставен јазик, тој гo опишува животот на Истанбул во неговите сокаци и пазари, во новинарските кругови, во местата за забава и другите собиралишта на велеградот.

Во своите статии, раскази и мемоари тој во детали ги опишувал луѓето од сите општествени слоеви, нивниот начин на живот, обичаите и традицијата. Пишувал на колоквијален јазик користејќи го истанбулскиот говор, проткаен со нота на хумор и критика кои провејуваат и во „Градските писма“. Во нив особено до израз доаѓа способноста на Расим за набљудување и забележување на различни настани, појави и карактери. Со таквиот начин на пишување Расим создал свој препознатлив стил кој во неговите „писма“ го претставува него не само како раскажувач туку и како соговорник на читателот.

Градски писма

ден190,00Price
  • Автор

    Ахмет Расим

  • Наслов на оргиналот

    Şehir Mektuplar

  • Стр.

    175

  • Димензии

    20,5х13,5

     

  • Јазик

    Македонски

     

  • ИСБН

    978-608-4794-15-8

bottom of page