top of page

Трактатот Зошто ја изгубивме Балканската војна е прецизна анализа на сите настани кои им претходеле на Балканските војни (1912−1913) и на грешките што ги правеле османлиската влада и нејзината војска, а кои резултирале со „неочекуван“ пораз од малите штотуку создадени државички на Балканот. Делото најмногу се занимава со серијата грешки на тогашниот турски парламент и на владата, на генералштабот и на самата армија, претставувајќи низа тешки пропусти коишто не би смеела да си ги дозволи ниту една сериозна земја во војна. Тука, пред сѐ, се анализираат непотребните и опасни внатрешно-политички препукувања на власта и опозицијата за време на Турско-италијанската војна (1911-1912), претходното погрешно и некомплетно реформирање на турската армија и низата последователни грешки при ненавремената мобилизација во Румелија непосредно пред избувнувањето на Првата балканска војна. 

Трудот на Туџарзаде Ибрахим Хилми е еден од ретките примери на превод од историографијата на губитничката страна кој може да им даде поинакво или ново светло на настаните од 1912-1913 г. кои судбински ја засегаат и Македонија. Во него тој аргументирано го докажува завојувачкиот карактер на Балканските војни, со недвосмислен заклучок дека Османлиската Империја не ги изгубила нив исклучиво заради храброста и силата на оружјето на малите балкански држави, туку пред сѐ заради сопствените воено-политички слабости и пропусти и неповолните меѓународни околности.

Зошто ја изгубивме Балканската војна

ден290,00Price
  • Автор

    Хилми Туџарзаде Ибрахим

  • Наслов на оргиналот

    Balkan Harbini Niçin Kaybettik

  • Стр.

    218 

  • Димензии

    21х13,5

  • Јазик

    Македонски

     

  • ИСБН

    978-608-4794-02-8

bottom of page