top of page

Месневија  е најзначајното дело на големиот суфиски мистик, поет и мислител Мевлана Џелаледин Руми и претставува еден од најважните трудови на исламската мисла. Оригиналното дело содржи околу 26 илјади куплети собрани во шест томови и се состои од раскази кои се надоврзуваат еден на друг и завршуваат со дидактички пораки. Обработените теми се пренесени со длабоко човечко разбирање кое му се обраќа на целото човештво.

        Мевлана бил мислител, кој исламскиот морал заснован на Коранот и постапките на Пророкот совршено го протолкувал  и го применувал во секојдневниот живот. Во Месневијата на едноставен јазик се преточени размислувањата за односот помеѓу човекот и Создателот, односот на човекот со човекот, како и оној на човекот со природата.

        Величината на Месневијата на Руми, освен во поуките за моралот, лежи и во идејата на суфизмот за „единството со Бога“. Таа е сублимат на суфиското учење дека сите религии се едно и дека се манифестација на истата божествена стварност. Токму ваквите, универзални сфаќања, кои претставуваат врв на една плуралистичка реинкарнација на Исламот, се и причина што денес филозофијата на Руми е многу популарна и на Запад каде што многумина ја доживуват како 

своевиден мост со Исток. 

        Изборот во проза што го објавуваме е само еден мал дел од импозантното дело на Мевлана и е конципиран како збирка раскази, поучни приказни, анегдоти и басни преточени на разбирлив народен јазик.

Месневија

ден240,00Price
  • Автор

    Мевлана Џелаледин Руми

  • Наслов на оргиналот

    Mesnevi' den Seçmeler

  • Стр.

    198 

  • Димензии

    20,5x14

  • Јазик

    Македонски

     

  • ИСБН

    978-608-4794-04-2

bottom of page