Нешто повеќе од три и пол века од својата посета на Скопје и краиштата што ги опфаќа денешна Македонија, еден од најпознатите светски патници во историјата – патописецот Евлија Челебија е повторно кај нас! Изборот од неговиот импозантен Патопис, кој инаку се состои од десет тома, го објавуваме како еден вид колаж од неговите најинтересни патувања низ Азија, Африка, но и Европа и – што е за нас особено важно – јужнословенските простори, од кои во книгата се вклучени описите на градовите Скопје и Сараево.
Овој избор претставува прв директен превод на неговото дело од турски на македонски јазик. Светскиот патник Евлија Челебија во својот Патопис дава детални описи на земјите и краиштата што ги пропатувал и на сето она што го видел, дознал или доживеал. Без оглед на неговите ситни недостатоци и делумните претерувања, кои се резултат на бујната фантазија на Евлија Челебија, тој е неприкосновен, а многу често и единствен извор за времето, настаните и обичаите на луѓето во местата што ги посетил, и е драгоцен извор за пишување и разбирање на историјата и урбаниот свет на османлиската држава во периодот во кој живеел.
Патописот на Евлија Челебија – Избор
Автор
Евлија Челебија
Наслов на оргиналот
Evliya Çelebi Seyahatnamesi' nden Seçmeler
Стр.
200
Димензии
21x13,5
Јазик
Македонски
ИСБН
978-608-4794-09-7