Халид Зија Ушаклигил (1866−1945) е познат како еден од најистакнатите романсиери во турската литература. Но, со расказите кои ги напишал од своето појавување на литературната сцена па сѐ до крајот на животот, тој израснал и во еден од најголемите автори на турскиот расказ. Напишал околу двесте раскази, кои биле објавени во осумнаесет книги.
Халид Зија е писател со карактеристичен стил и јазик. Додека во своите романи обработува теми од животот на високиот сталеж, во расказите пишува за обичниот човек. Во средиштето на неговото внимание не е човекот со својата позиција во општеството, туку многу повеќе човековата немоќ пред општеството, природата и животот.
Расказите од збирката „Свенатиот цвет“ имаат различна тематика. Халид Зија во нив пишува за меѓучовечките односи, семејството, моралот и љубовта. Во расказите тој никогаш не предлага решение за проблемите за кои зборува. Настојувајќи првенствено да му овозможи на читателот сам да го почувствува решението, Ушаклигил повеќе има естетски пристап кон темата.
Во сите раскази од оваа збирка преовладува една тажна и песимистичка атмосфера. Овој факт произлегува од општата состојба на работите во времето кога тие дела се пишувале, од сфаќањата на писателот во врска со различни прашања од животот и од влијанието на западните писатели-реалисти кои Ушаклигил ги земал за пример.
Свенатиот цвет
Автор
Халид Зија
Наслов на оргиналот
Solgun Demet
Стр.
198
Димензии
21x13,5
Јазик
Македонски
ИСБН
978-608-4794-17-2