Мехмет Рауф (1875-1931), припаѓа на писателите од Сервет-и Фунун (Ризница на знаењето), литературно движење од крајот на 19 в. кое се одликува со дела пишувани по западни влијанија. Пишувал романи, приказни и драми, но несомнено неговото најубаво дело е романот Септември (Eylül, 1900). Во него писателот им дава тежина на внатрешните светови на своите јунаци. Главната тема на приказната е забранетата љубов помеѓу Неџип и Суат. Неџип е млад човек кој тукушто ги завршил студиите и живее боемски живот. Суат е мажена жена, која се жртувува себеси и својот живот за расположението на нејзиниот сопруг. Авторот го опишува внатрешниот свет на двата главни лика во најсуптилни детали; поради новината што ја внело во турската литература, овој роман се смета за едно од најсјајните дела на Сервет-и Фунун. Јунаците на Рауф се идеализирани, културни и високообразовани личности со западноевропски манири. Во турската литература Мехмет Рауф се смета за прв успешен автор на психолошкиот роман.
Септември
Автор
Мехмет Рауф
Наслов на оргиналот
Eylül
Стр.
171
Димензии
21x13
Јазик
Македонски
ИСБН
978-608-65521-5-2