top of page

Ивана Брлиќ Мажураниќ (1874-1938) е една од најзначајните писатели од класичниот период на хрватската книжевност. Позната е по своите извонредни дела од областа на детската книжевност, заради што била наречена „хрватски Андерсен“.

Најпознати дела ѝ се збирката раскази за деца „Приказни од дамнина“ (1916), романот за деца „Чудните згоди и незгоди на чиракот Хлапиќ“ (1913) и историско авантуристичкиот роман за младинци „Јаша Далматин, вицекралот на Гуџерат“ (1937).

Мажураниќ е преведена на сите поважни светски јазици. Била член на Хрватската академија, која двапати (во 1931 и 1938) ја предложила за Нобелова награда.

Основата за приказната за „Јаша Далматин, вицекралoт на Гуџерат“ авторката ја нашла во историската студија на својот татко Владимир Мажураниќ, насловена како „Мaлик Јаша, Дубровчанецот во Индија од 1480 до 1528 година и неговите претходници во исламот пред десет столетија“. Во неа писателката докажува дека  вицекралот на  индиската покраина и кралството Гуџерат, во историјата познат како Малик Аз,  бил всушност човек по потекло од далматинските брегови, кој бил одведен во ропство. Романот е возбудлива приказна за неговиот животен пат на кој тој никогаш не си го заборавил своето потекло, ниту крстот кој му бил истетовиран под пазувата.

Јаша Далматин, вицекралот на Гуџерат

ден270,00Price
  • Автор

    Ивана Брлиќ-Мажураниќ

  • Наслов на оргиналот

    Jaša Dalmatin Potkralj Gudžerata

  • Стр.

    244

  • Димензии

    21x13.5

  • Јазик

    Македонски

     

  • ИСБН

    978-608-4794-19-6

bottom of page